Динар повика екс голман на Пролет напомош, Борозан ќе игра – ако има потреба

Селекторот на машката репреентација на Црна Гора, Дидие Динар го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за последните две средби против Финска и Словачка од квалификациите за ЕП 2026.

Црна Гора е на второто место со пет бода и на добар пат да обезбеди место на континетналниот собир, а Динар се соочи со проблеми на голманската позиција. Откако остана без Симиќ и Матовиќ, Французинот ги повика Харис Суљевиќ и Данило Михаљевиќ, екс голманот на Пролет, а сега на романскиот Васлуи.

На списокот од 16 играчи го нема ниту повредениот Стефан Чавор, но се враќаат Милош Вујовиќ, Вук Лазовиќ и Милош Божовиќ, кои не беа на последната акција во составот.

Динар на списокот има и пет резерви, меѓу кои е левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, кој се уште не е доволно залечен и во договор со стручниот штаб ќе игра само доколку има потреба и веднаш ќе се стави на располагање.