Динамо Букурешт го посакува средниот бек Мартинс

Романскиот шампион Динамо Букурешт за следната сезона планира да направи промени во својот тим.

Раководството на клубот од романската престолнина во своите редови го посакува репрезентативецот на Португалија, Мигел Мартинс, пишува ,,ГСП”.

Португалецот моментално е член на Алборг, но за време на Светското првенство 2025 беше суспендиран, откако имал позитивен допинг тест.

27-годишниот ракометар, кој настапува на позицијата среден бек, се надева дека ќе може да ја докаже својата невиност и потоа ќе може да потпише за амбициозниот клуб.

Мартин три сезони го носеше дресот на унгаркиот вицепрвак ПИК Сегед, а до 2020/21 настапуваше во својата татковина.

Пред пет сезони беше поврзуван со трансфер во Вардар, но од сето тоа немаше ништо.