Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, загуби од силната Бидасоа со 35-33.
Во натпревар од 18 коло во Асобал лигата, Ваљадолид пружи силен отпор, долго време ја имаше и предноста, но попушти во финишот.
Димитриевски беше стрелец на три гола од седмерец, додека Димитриоски два пати се запиша во листата на стрелци.
Сепак и покрај поразот Ваљадолид останува на петтото место кое води во Лигата на Европа со 19 бода.