Дибиров: Бев убеден дека оваа ми е последна сезона, ама…

Легендарното лево крило Тимур Дибиров ќе остане најмалку уште една сезона во хрватскиот шампион Загреб.

Некогашниот ас на Вардар, лани во февруари потпиша на 1+1 сезона со Загреб, а сега потврди дека ќе ја одработи и втората сезона од договорот.

„По разговорите со семејството решив да продолжам да играм и ќе останам во Загреб уште една сезона. Бев убеден дека ова е мојата последна сезона. Ми се допаѓа се во клубот, но тешко е без семејството. Зборував со еден легендарен ракометар кој ми кажа: “Тимур, сите ние, што ја завршивме кариерата, го направивме тоа поради некакви психички или физички проблеми, а ако би биле здрави, ќе игравме додека не држат нозете. Да се игра на вакво ниво – тоа е привилегија“. Многу размислував и ги сфатив овие зборови. Навистина е привилегија. Во мојата возраст не останаа многумина што играат на такво ниво. Бог ми даде мене таква привилегија“, вели Дибиров за „Балкан Хендбол“.

Дибиров девет сезони играше за Чеховски Медведи, девет за Вардар, со кој два пати се искачи на европскиот врв, а ќе комплетира и три во Загреб.

Тимур Дибиров уште две сезони во Загреб!