Деспина со сефте победа во Женската лига

Екипата на Деспина од Прилеп во 3. коло од единственото женско сениорско натпреварување го совлада Спартак со 39:26 и се израдува на првиот сезонски триумф.

Првиот дел помина во изедначена игра, со многу грешки на двете страни, но гостинките од Скопје на пауза заминаа со минимална предност од 12:11. Сепак, Спартак поради кратката клупа остана без енергија во второто полувреме.

Домаќинките во периодот од 35 до 60 минута доминираа на теренот, лесно се справуваа со одбраната на гостинот, а тренерот Котевски во овој период шанса им даде на останатите ракометарки од составот.

Најефикасна во победничката екипа беше Андреа Конеска со девет погодоци, по шест запишаа Ангела Камческа и Сања Цветкоска.

Кај Спартак повторно добар натпревар одигра Зорица Андовска, која во мрежата на домаќинките постигна 12 погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ33006
2ВАРДАР21012
3СПАРТАК21012
4ДЕСПИНА31022
5ШАМПИОН20020