Во текот на денешниот ден ќе се одиграат два натпревари од 5. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Екипата на Вардар ќе биде домаќин на амбициозниот Чаир, кој во претходното коло славеше во дербито со Металург Автокоманда.
Куманово на свој терен ќе има убава можност да дојде до прва плеј-оф победа, бидејќи за ривал го има Астибо.
Петтото коло ќе биде комплетирано в четврток со натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
Денеска ќе се одиграат и четири натпревари во Лигата на шампионите, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе се соочи со Динамо Букурешт.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ЗАЛАУ – РАПИД (РОМАНИЈА)
17:00 РОСТОВ – ЛАДА (РУСИЈА)
17:00 КУМАНОВО – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ВАРДАР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – ПСЖ (ЛШ)
18:45 ЗАГРЕБ – КОЛСТАД (ЛШ)
19:30 АМАНД – САМБРЕ (ФРАНЦИЈА)
20:45 МАГДЕБУРГ – АЛБОРГ (ЛШ)
20:45 НАНТ – СЕГЕД (ЛШ)