ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шампионот гостува во Прилеп, градско дерби во Скопје, Вардар ја чека Струга

Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од последното коло од регуларниот дел од суперлигашката конкуренција.

Како што е познато, натпреварите од 22. коло требаше да се одиграат изминатиот викенд, но поради големата трагедија во Кочани, распоредот во Супер лигата претрпи измени.

По повод трагичниот настан, беше прогласена седумдневна жалост, што доведе до одложување на сите спортски натпревари.

На денешната програма ќе има четири натпревари, два во терминот од 17:00 часот, еден во терминот од 18:00 часот и еден натпревар ќе започне во 19:30 часот.

Кавадарчани на свој терен ќе го пречекаат дебитантот Борец ФЛ, додека еден од кандидатите за титулата, тимот на Вардар, ќе има лесна задача пред домашната публика, бидејќи ќе игра против Струга.

Интересно се очекува да биде во градскиот двобој меѓу Бутел и Пролет, а актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе гостува во Прилеп кај истоимената екипа.

Распоред на денешните натпревари во Супер лигата:
17:00 ТИКВЕШ – БОРЕЦ ФЛ
17:00 ВАРДАР – СТРУГА
18:00 БУТЕЛ – ПРОЛЕТ
19:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Во рамките на прволигашката конкуренција, на денешната програма ќе има само еден дуел. Од 20:00 часот ќе се сретнат тимовите на Јехона и Овче Поле