Денеска ќе се одиграат преостанатите два осминафинални натпревари од Лигата на шампионите.
ПИК Сегед на свој терен ќе го пречека ПСЖ и ќе атакува на триумф, иако францускиот првак ја крена формата во последно време.
Интересно се очекува да биде во Полска каде што Висла, која беше ривал на Еурофарм Пелистер во групната фаза, ќе се соочи со Нант.
На вчерашните натпревари, Фуксе Берлин триумфираше над Келце со 33:27, а Магдебург го совлада Динамо Букурешт со четири гола разлика, 30:26.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 СТОРХАМАР – БЈАСЕН (НОРВЕШКА)
18:45 ПИК СЕГЕД – ПСЖ (ЛШ)
19:00 ГУМЕРЗБАХ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
19:00 ХАНОВЕР – БИТИГХЈАМ (БУНДЕС)
19:30 ЛУЦЕРН – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)
20:30 АДЕМАР – БАРСЕЛОНА (АСОБАЛ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – НАНТ (ЛШ)