ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: ПСЖ и Барса на двобој, Алборг на тежок испит во Веспрем

Денеска ќе продолжат четвртфиналните натпревари во најквалитетното европско натпреварување.

Во терминот од 18:45 часот ќе играат Алборг и Веспрем, додека од 20:45 часот силите ќе ги одмерат ПСЖ и Барселона.

На денешната програма во Македонија ќе има три натпревари од 21. коло од Женската лига.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, на свој терен ќе го пречека младиот состав на Скопје.

Ѓорчепетровки се осамени на врвот на табелата и само милиметри ги делат до нова титула.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Скопје ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Христо Батанџиев”.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 КОНСТАНЦА – ДИНАМО (РОМАНИЈА)
17:30 СТРУЖАНКА – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ВЕСПРЕМ – АЛБОРГ (ЛШ)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 СПАРТАК – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЦЕЛЈЕ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ОНЕРЕД – ИШТАД (ШВЕДСКА)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ТУЛУЗ – САРАН (ФРАНЦИЈА)
20:45 ПСЖ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)