На денешната програма во Македонија ќе има 13 натпревари, шест од нив се во рамките од 11. коло во суперлигшакиот плеј-оф/аут.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, ќе гостува во Скопје кај незгодниот Пролет, додека вицепрвакот на свој терен ќе го пречека Охрид.
Екипата на Тиквеш, кој има амбиции повторно да обезбеди излез на европска сцена, пред својата публика ќе се соочи со Бутел Скопје.
Во борбата за опстанок, односно во плеј-аут фазата ќе има три дуели, додека кај прволигашите ќе се одиграат четири дуели.
Со натпреварот меѓу Астибо и Металург Автокоманда ќе започне 22. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 АСТИБО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
14:00 КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР
17:15 AЛКАЛОИД – ОХРИД
17:30 ПРЕСПА ВАРДАР – ТЕКСТИЛЕЦ
18:00 БИСИНОВ – РАДОВИШ
18:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МУЛТИ ЕСЕНС
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ
19:00 МЛАДОСТ – МЕТАЛУРГ РА
19:00 КУМАНОВО – ГОЛДЕН АРТ
19:00 ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20:00 ЈЕХОНА – ДРАЧЕВО