ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнуваат осминафиналните борби во Лигата на Европа

Денеска со два натпревари ќе започнат елиминациските осминафинални дуели во Лигата на Европа.

Директен пласман во четвртфиналето имаат обезбедено екипите на Нант, Скјерн, Фленсбург и Спортинг Лисабон.

На овие екипи треба да им се придружат четирите победници од осминафиналните дуели во второто по ранг европско клупско натпреварување.

За пласман во четвртфиналето ќе се бори хрватскиот вицепрвак Нексе, кој за ривал во осминафиналето го има бундеслигашот Рајн Некар.

Ракометарите на Нексе првиот натпревар против „лавовите“ од Манхјам ќе го одиграат пред својата публика во Нашице.

Реванш дуелите од осминафиналето се закажани за следниот викенд, односно за 2 април.

Распоред на денешните осминафинални дуели од ЛЕ:

18:45 ДИНАМО – СИЛКЕБОРГ
18:45 КАДЕТЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН
20:45 ХАНОВЕР – САВЕХОФ
20:45 НЕКСЕ – РАЈН НЕКАР