ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Митревски и Порто против Висла Плоцк бркаат осминафинале во ЛШ

Екипата на Порто, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски, денеска во рамки од последното коло од Лигата на шампионите ќе брка пласман во осминафиналето.

За остварување на целта, португалскиот тим ќе треба да ја совлада екипата на Висла Плоцк. На првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран на стартот на сезоната, триумфираше Порто со 24:23.

Доколку Порто ремизира на денешниот дуел, тогаш во осминафиналето ќе патува Висла Плоцк, бидејќи португалскиот клуб на свое конто има осум бодови, додека тимот на Хавиер Сабате еден бод повеќе, односно 9.

Од групата Б, во која се наоѓа и Порто, за пласман во четвртфиналето ќе се борат Магдебург и Веспрем. Од оваа група директен билет во четвртфиналето обезбеди Барселона, додека екипите на ГОГ и Монпелје ќе играат во осминафиналето.

Екипата на Целје, која во досегашниот тек од сезоната не успеа да освои ни бод, во дуелот против данскиот шампион ГОГ ќе посакува со победа да се одјави од најквалитетното европско натпреварување.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ЦЕЛЈЕ – ГОГ
18:45 ВЕСПРЕМ – МАГДЕБУРГ
20:45 БАРСЕЛОНА – МОНПЕЛЈЕ
20:45 ВИСЛА – ПОРТО