На денешната програма во рамки од Лигата на шампионите ќе се одиграат четири дуели од деветтото коло.
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски заедно со тимот на Порто ќе гостуваат во Данска кај ГОГ.
Порто, моментално, се наоѓа на 6. позиција на табелата, на свое конто има шест бода, додека данскиот шампион заедно со екипата на Монпелје имаат по осум бода, па така тимот на Митревски со евентуална победа над ГОГ ќе ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.
Првата средба меѓу ГОГ и Порто заврши со победа на португалскиот тим од еден гол разлика, 32:31.
Два интересни дуели ќе има во групата А, во која се наоѓа македонскиот претставник Еурофарм Пелистер.
Норвешкиот шампион Колстад на свој терен ќе го пречека Алборг и ќе се обиде да да им се реваншира на Хансен и колегите за поразот од првата средба, која заврши со победа на данскиот вицепрвак од 27:25.
Загреб пред своите фанови ќе игра против ПИК Сегед, тим кој во претходните две кола триумфираше над Еурофарм Пелистер.
Словенечкиот шампион Целје, кој во досегашниот тек од Лигата на шампионите нема освоено бод, против Висла Плоцк ќе атакува на прва сезонска победа во елитата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:30 МЕШКОВ БРЕСТ – МАШЕКА (БЕЛОРУСИЈА)
18:00 СЛОБОДА – ЛЕОТАР (БИХ)
18:00 ДАБАС – ФЕРЕНЦВАРОШ (УНГАРИЈА)
18:00 ПРОЛЕТЕР – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
18:00 БРАЗИЛ – УКРАИНА (СП)
18:00 ЈУЖНА КОРЕЈА – АВСТРИЈА (СП)
18:45 ЦЕЛЈЕ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛШ)
18:45 КОЛСТАД – АЛБОРГ (ЛШ)
18:45 ЗАГРЕБ – ПИК СЕГЕД (ЛШ)
19:00 ФЕРЛАХ – КРЕМС (АВСТРИЈА)
20:30 НОРВЕШКА – ГРЕНЛАНД (СП)
20:30 ШПАНИЈА – КАЗАХСТАН (СП)
20:45 ГОГ – ПОРТО (ЛШ)