Во центарот на вниманието денеска ќе биде големото дерби и македонско „Ел Класико“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија.
Ланскиот освојувач нема да го брани трофејот во ова натпреварување, па Вардар би можел да го освои по 2023 година или Пелистер по 2005 година.
„Црвено-црните“ се најтрофеен клуб во Купот – имаат 16 трофеи, додека Еурофарм Пелистер има пет освоени досега.
Ова ќе биде деветти нивен двобој во финале на Куп, а традицијата комплетно е на страната на Вардар, кој во седум дуели досега славел над битолчани.
Последен пат тоа се случи во 2023 година, а првото меѓусебно финале во 1999 е единственото што го добија пелистерци и тоа на пенали.
Финалето е на програмата во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 17:30 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЃЕР – ОДЕНСЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
12:00 АСТРАИОН – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ЈЕХОНА – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)