Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот дуел од главната фаза на Светското младинско првенство, кое се одржува во Скопје.
Избраничките на Дарко Јанев силите ќе ги одмерат со репрезентацијата на Црна Гора, која вчера беше поразена од Исланд.
Младинките на Македонија иако ремизираа против Португалија, сепак, сѐ уште имаат шанси за пласман во четвртфиналето на младинскиот Мундијал.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот. Влезот за сите љубители е слободен.
На денешната програма на Светското младинско првенство ќе има уште 15 дуели, дел од нив се во рамките од Президент Купот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
09:00 АРГЕНТИНА – ЈАПОНИЈА
09:00 ИРАН – ЧИЛЕ
10:00 ГВИНЕЈА – АНГОЛА
11:15 БРАЗИЛ – ТУНИС
11:15 ЧЕШКА – ШПАНИЈА
13:00 УЗБЕКИСТАН – САД
13:30 УНГАРИЈА – ДАНСКА
13:30 ХОЛАНДИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
15:45 ЈУЖНА КОРЕЈА – НОРВЕШКА
15:45 РОМАНИЈА – ЕГИПЕТ
16:00 МЕКСИКО – ТАЈВАН
18:00 ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД
18:00 ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА
19:00 АЛЖИР – СРБИЈА
20:15 ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА
20:15 КИНА – ГЕРМАНИЈА