Шампионот Еурофарм Пелистер по поразот од Охрид на домашен терен ќе бара рехабилитација на тешкото гостување во Автокоманда кај „сино-белите“ на Кирил Лазаров.
Допрва битката за второто место ќе се разгорува, особено ако домаќините ја добијат оваа пресметка, но битолчани мора да бараат бодови за да останат во трка со залетаниот Охрид.
Двете меѓусебни средби на тимот на Лазаров и шампионот Еурофарм Пелистер оваа сезона во регуларниот дел завршија нерешено.
На табелата води Вардар со 52 бода, Охрид е втор со 44, додека пелистерци се трети со 42 бода и натпревар помалку.
Покрај овој дуел од суперлигашкиот плеј-оф, на македонските терени ќе има уште еден натпревар, од Првата женска лига, меѓу лидерот Атлетик и Овче Поле СУ.
Машката кадетска репрезентација ја чека двојна програма на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин. Најпрво од 09:00 часот е дуелот со Шпанија, додека од 13:30 е пресметката со Грција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
09:00 МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
13:30 МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
19:00 АТЛЕТИК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

























