ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дамите на сцена – Ѓорче против Пелистер, Чаир против Спартак во битка за Куп трофеј

По полуфиналните средби во машка конкуренција, денеска на програмата се натпреварите од полуфиналето на женскиот Куп на Македонија.

Бранителот на трофејот, Ѓорче Петров, е голем фаворит против младата екипа на Пелистер во првото полуфинале од 17:00 часот.

Во второто полуфинале би требало да гледаме понеизвесен натпревар, иако тука екипата на Чаир ќе биде со фаворитска улога.

Покрај овие две средби, на домашната сцена ќе има и еден прволигашки натпревар – во Богданци гостува екипата на Текстилец.

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.

Ривал на избраниците на Горан Кузманоски во битката за петтото место ќе им биде селекцијата на Хрватска.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
17:00 ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
18:30 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 СПАРТАК – ЧАИР (КУП НА МАКЕДОНИЈА)