ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаир и Вардар го отвораат новото коло од плеј-офот во Женската лига

Денес со натпреварот меѓу Чаир и Вардар ќе започне новото, 10. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Екипата на Чаир ќе се обиде да се рехабилитира за поразот од Металург Автокоманда во претходното коло, додека Вардар ќе атакува на трета сезонска победа.

Натпреварот меѓу Чаир и Вардар ќе се одигра со почеток во 20:00 часот во спортската сала „7 Март“.

Натпреварите меѓу Ѓорче Петров и Автокоманда, како и Астибо и Куманово, ќе се одиграат во недела (30 март).

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 РОСТОВ ДОН – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
18:00 ЦСКА – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)
18:00 КОЛУБАРА – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
19:00 АЛПЛА ХАРД – ВЕСТ ВИЕН (АВСТРИЈА)
19:00 АЈЗЕНАХ – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
20:00 ГЕПИНГЕН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
20:00 ЕСБЈЕРГ – ГОГ (ДАНСКА)
20:00 ЧАИР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
20:15 ЦЕЛЈЕ – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)