Денеска ќе стартуваат натпреварите од 5 коло во суперлигашкиот плеј-оф со гостувањето на Бутел Скопје во Автокоманда.
Од 19:00 часот избраниците на Кирил Лазаров ќе играат против момците на Горан Кузманоски меѓу двете европски битки со Рунар Сандефјорд.
Покрај овој натпревар во Македонија, ќе се играат и четири натпревари од Лигата на Европа во рамките на четвртиналето.
Трите германски клуба се фаворити за место на завршниот турнир во Хамбург, а најинтересно се очекува да биде на средбата меѓу Порто и Монпелје.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ГОГ ГУДМЕ – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 МЕЛСУНГЕН – БИДАСОА ИРУН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
19:00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 ЛИМОЖ – КИЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ПОРТО – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)