Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски беше избран за најкорисен играч, односно МВП на 9 коло во чешкиот шампионат.
Тој беше најдобар стрелец на мечот што неговиот тим Брно го доби против незгодниот Робе Жубри со 27-23.
Кукуловски успеа да постигне осум гола од девет обиди против Жубри, а во конкуренција за МВП ги имаше и Марко Чурчиќ од Плзен и Јан Збранек од Фридек Мистек.
Oва беше најдобро одигран натпревар во дресот на чешкиот тим за поранешниот ракометар на Преспа, Вардар Јуниор, Вардар, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.