Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Брестовац, во новата сезона ќе има нов предизвик во клупската кариера.
По две сезони минати во тимот на Котбус, тој се сели во клубот на Волф Вирцбург и се натпреварува во Третата Бундес лига, таму каде што играше и претходниот негов клуб.
Брестовац во Македонија бранеше за Металург, а по суспензијата од ЕХФ на тимот од Автокоманда, се пресели во Германија.
Заедно со Иван Галевски, Давид Брестовац имаше добри партии на Европското првенство во Словенија, каде Македонија го освои деветтото место.