Дарио Петровски си замина од БиХ

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, не е повеќе член на босанскиот суперлигаш Коњух.

Двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат соработката и секој да си продолжи по својот пат.

Петровски минатата сезона играше во Италија и со екипата на Јуниор Фасано го освои тамошниот шампионат.

25-годишниот ракометар пред да се пресели во БиХ на своја адреса имаше неколку понуди за камбек на македонска сцена.

Битолчанецот на интернационално ниво го носеше дресот и на Гвадалахара од Шпанија. Во Македонија беше дел од првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, како и на Струга.