Репрезентацијата на Данска дојде до втората победа во групната фаза на Европското првенство 2024, откако славеше над Словенија со 33:26.
Данска со денешната победа дојде до шест бода, исто толку има и Холандија, па така во последното коло од главната фаза двете репрезентации ќе имаат меѓусебен дуел за пласман во полуфиналето.
Избраничките на Драган Аџиќ во најголемиот дел од натпреварот беа повеќе од рамноправен ривал и до 45 минута рамо до рамо се бореа со скандинавската селекција.
Откако Данска за нијанса беше подобра во првиот дел, кој го доби со 17:15, составот на Аџиќ издржа до 45-50 минута, а во финишот избраничките на Јеспер Јенсен подобро се снајдоа и веќе направија солидна предност.
Предводничка кај Данска беше Елма Халичевиќ, која имаше 100% реализација, шест од шест. Шутерски расположена кај Словенија беше Тјаша Станко со осум гола, а шест имаше Наташа Љепоја.