Mathias GIDSEL, Denmark vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 17.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Данецот Гидсел сруши 23 годишен рекорд во најсилната лига

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, успеа да сруши 23-годишен рекорд во најсилната лига на светот – Бундес лигата.

Имено, членот на Фуксе Берлин се израмни со Кореецот Кјун Шин Јон по бројот на постигнати голови од игра во една сезона.

Данецот игра одлично во дресот на „лисиците“ и во досегашниот тек од сезоната во Бундес лигата стигна до бројката од 248 постигнати погодоци.

Толку голови имаше и легендарниот Кјун Шин Јон пред 23 години. До крајот од сезоната во Бундес лигата треба да се одиграат уште три кола.

Главен конкурент на Гидсел за првата позиција на листата на стрелци е репрезентативецот на Швајцарија, Мануел Зендер.

Левиот бек на Ајзенах на 31 меч успеа да постигне три гола помалку од Гидсел, односно 245.