SF2 - Denmark vs Portugal, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 31.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Данците со моќно второ полувреме ја збришаа Португалија

Репрезентацијата на Данска ќе го брани златото на Светското првенство 2025, откако во полуфиналето против Португалија славеше со 40:27. Сега Данска ќе има убава можност да дојде до четврто мундијалско злато во низа, а во финалето силите ќе ги одмери со Хрватска.

За Португалија останува натпреварот за бронзениот медал. Ракометарите на Пауло Переира за третото место ќе се борат против Франција, која вчера загуби од хрватската репрезентација. Финалниот ден на Светското првенство ќе биде на 2 февруари.

Португалија на стартот на натпреварот во еден момент беше со три исклучени ракометари, па така избраниците на Николај Јакобсен немаа многу проблеми да дојдат до реализација и по шест минути игра имаа предност од 6:2. Ова не ги обезхрабри избраниците на Переира кои не се предаваа и имаа свои моменти во првите 30 минути.

По фуриозниот налет на актуелниот светски првак, следуваа два гола во низа на Португалците кои намалија на 6:4, но Данска возврати со иста мера зголемувајќи на 8:4. Еден од главните адути на Данска беше голманот Емил Нилсен, кој во првиот дел им одбрани два пенали на противничките ракометари.

SF2 – Denmark vs Portugal, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 31.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Данска до 20-та минута од натпреварот водеше со три до четири гола разлика, потоа Португалија најави камбек и во два наврати имаше минус еден (13:12, 15:14). Во финишот од првиот дел повторно се разбрани Нилсен, а неговите соиграчи преку нивното најсилно оружје – брза транзиција ја вратија максималната предност од првите петнаесетина минути и на пауза заминаа со 20:16.

SF2 – Denmark vs Portugal, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 31.01.2025, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Скандинавската селекција за две-три минути игра во второто полувреме стигна до 24:18 и тука беше јасно дека Португалија ќе има тежок предизвик да им се спротистави на разиграните Данци кои речиси беа непогрешливи. Како што се доближуваше финишот, така растеше предноста на Данска, Нилсен „спушти ролетна“, кој до 45-та минута имаше 14 интервенции, па така составот на Јакобсен рутински го одработи последниот дел.