Dijana MUGOSA, Montenegro vs Serbia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 29.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Црна Гора освои важна победа, Холанѓанките подобри од Германија

Репрезентацијата на Црна Гора со победата над Романија од 27:25 си го осигура местото во главната фаза на Европското првенство 2024.

Овие две репрезентации имаа дуел и на претходното ЕП, на кое Македонија беше еден од ко-организаторите. Тогаш Црна Гора во Скопје во драматичен натпревар ја доби Романија со 35:34.

Црногорките, кои во првото коло од континенталниот собир триумфираа против Србија, денеска повторно имаа одлична партија.

Иако Романија на моменти парираше, се враќаше во игра, избраничките на Сузана Лазовиќ на полувреме заминаа со предност од 16:12 и одиграа според планираното во вторите 30 минути.

Јауковиќ, која против Србија даде 11 гола од 15 обиди, денеска не се изнаигра многу, но затоа Дијана Мугоша (8 гола) и Матеа Плетикосиќ (4 гола), двете многу добро ја познаваат Романија, бидјечи играаат во романскиот шампионат, одиграа речиси без грешка.

Холандија во дерби натпреварот од групата Ф ја доби Германија со 29:22 (15:14). Натпреварот речиси до 40 минута беше израмнет, потоа „лалињата“ предводени од голманката Јара Тен Холте полека ги откажуваа Германките.

Пласман во главната фаза обезбеди и Данска, која без проблеми одигра со Швајцарија, триумфираше со 35:30 (19:15).