Цехте останува во шампионска Битола уште една сезона

Тимот на Еурофарм Пелистер го „врза“ Словенецот Нејц Цехте и за следната сезона задржувајќи дел од главниот костур на екипата што сезонава ја одбрани шампионската титула.

Десниот бек, кој е и словенечки репрезентативец се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија. Овој 31 годише играч треба да донесе стабилноста н атаа позиција, а клубот со уште поголеми амбиции влегува во следната сезона. Минатото лето Нејце Цехте од ГОГ Гудме дојде во Еурофарм Пелистер.

Тимот се збогуваше со неколкумин аиграчи, но истовремено работи и на засилувања кои веќе почна да ги објавува.