Цехте и Доленец се повредија, Зорман веднаш повика две замени!

Словенците скапо ја платија минималната победа над Бразил во првото коло од квалификацискиот турнир во Гранољерс.

Повреди заработија капитенот Јуре Доленец и Нејц Цехте, па цел товар на десната бековска позиција падна на Блаж Јанц.

Зорман веднаш повика двајца нови ракометари, кои денеска ќе пристигнат во Гранољерс и ќе бидат во комбинација за средбите со Шпанија и Бахреин.

Станува збор за членовите на Целје, средниот бек Митја Јанц и десниот бек Тим Цокан.

Доленец заработи повреда на скочниот зглоб, сосема извесно ќе ги пропушти двата останати дуели, додека Цехте доби удар во окото и би можел да заигра до крајот на квалификацискиот турнир.

Словенците заедно со Шпанија сега се во пол позиција да обезбедат место на ОИ во Франција.