Тимот на Грифк, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, ја заврши сезоната во Финска на четвртото место.
Иако во регуларниот дел од првенството Грифк имаше одлични партии, сепак попушти во плеј-офот.
Најпрво загуби од Рихимаки Кокс во полуфиналната серија со 3-0, а во двомечот на разлика за третото место, Грифк беше покус за два гола.
По поразот на првиот меч од Дикен со 22-20, Грифк на домашен терен одигра само реми, 24-24, па заврши на четвртото место.
Чурлевски на овој натпревар беше стрелец на четири погодоци.