„Чкембари се најдобрите навивачи во светот, ќе освоиме двојна круна во Македонија“

Еурофарм Пелистер го одигра можеби најдобриот натпревар оваа сезона, но и покрај тоа остана без бодови во пресметката со Кил.

Тренерот Александар Јовиќ по мечот со бундеслигашкиот првак, им го честита роденденот на „Чкембари“ и вети двојна круна во Македонија оваа сезона и добри партии во Лигата на шампионите.

„Игравме добар натпревар, во клучните моменти промашивме седмерец и чиста контра, плус техничка грешка. Тоа се трите гола со кои би било на нерешено. Ни фали искуство, но нашите цели се да ги освоиме двете титули оваа сезона дома и сигурен сум дека ќе го оствариме тоа, а во ЛШ да се претставиме на сите мечеви како што игравме денеска. Денеска беше вистински празник на ракометот, Битола заслужува да се радува на успеси“, кажа Јовиќ на пресот по натпреварот.

Еурофарм Пелистер го чека в сабота гостување кај Вардар Неготино, а потоа уште две средби од Супер лигата пред гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите.