Четири клубови кои се меѓу најдобрите во Европа ќе бидат дел од првото издание на турнирот за промоција на ракометот во САД.
Тоа ќе се одржи летото во 2026 година, а своето учество го потврди европскиот шампион Ѓер.
Покрај Ѓер, на турнирот ќе играат и германскиот Лудвигсбург, францускиот Брест Бретањ и данскиот Оденсе.
Локацијата и термините за натпреварите ќе бидат дополнително објавени, а допрва треба да се откријата и учесниците на машкиот турнир.
Овие турнири се организираат поради промоцијата на ракометот во САД, кои ќе бидат домаќините на следните Олимписки игри.