Чаир го доби ривалот во ЕХФ Купот – ќе игра со шампионот на Азербејџан

Единствениот македонски претставник во европските купови кај дамите, екипата на Чаир, го дозна ривалот во ЕХФ Европскиот Куп.

Поради високиот рејтинг, чаирчанки го скокнаа второто коло, а ждрепката посака ривал да им биде тимот на Кур во третата рунда.

Станува збор за шампионот од Азербејџан, кој во претходната рунда со две победи на домашен терен го елиминираше кипарскиот Апоел.

Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 7/8 ноември во Скопје, додека реваншот треба да биде во Баку на 14/15 ноември.