Порано играше во женска екипа, го смени полот и сега игра во машка!
Луи Санд е 28 годишен ракометар кој после пауза заради промена на полот повторно е на терените. Тој сега е дел од екипата Кара и веќе започна со тренинзи во новиот клуб.
Во јануари 2019...
Поделени уште два куп трофеи – Брест најдобар во Франција, Кристијансанд во Норвешка
Се одиграа две финални битки во рамките од домашните купови во женска конкуренција во Франција и Норвешка.
Брест Бретањ уште еднаш ја потврди својата доминација во Франција откако го освои Купот по триумфот над Нант...
Холандската убавица нема среќа, повторно доживеа повреда (ВИДЕО)
Репрезентативката на Холандија и ракометарка на Есбјерг, Еставана Полман во првиот полуфинален натпревар против Оденсе во рамките од плеј-офот мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото.
Холанѓанката минатата година заработи повреда на коленото...
Ги одби Вардар и Кил – најголемиот шведски талент потпиша за Елверум!
Најголемиот шведски талент, Ерик Јохансон, во следните две сезони ќе настапува во норвешкиот шампионат.
20-годишниот лев бек на шведската екипа Ескилстуна Гуиф, иако најавуваше дека ќе остане најмалку уште една сезона дома, сепак се реши...
„Тажен е начинот на кој се разделивме, посакував да одиграм уште една сезона“
Поранешниот репрезентативец на Шведска, Јонас Калман не го продолжи договорот со ПИК Сегед. Поради тоа, Калман по седум сезони поминати во унгарскиот вицешампион, на лето ќе мора да бара нов ангажман.
Искусниот ракометар за „Aftonbladet“...
Загуби од Македонија, па го продолжи договорот со данската федерација до 2025 година!
Селекторот на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, и во следните четири години ќе остане на клупата на светскиот првак.
Јакобсен имаше актуелен договор до 2024 година, односно до ОИ во Париз, но сега тој...
Титулата од СП му го промени животот, па мораше да бара помош од психолог!
Со одличниот настап и врвните изданија на Светското првенство во Египет, Данецот Матијас Гидсел имаше многу голем придонес во освојувањето светската шампионска титула, а тоа значеше и пресврт во неговиот живот.
Неговиот настап беше многу...
„Досадно е да се биде ’селектор’ од хотел, позабавно е кога сте на клупа“
Селекторот на репрезентацијата на Данска, Николај Јакобсен поради операција на коленото не ги предводеше неговите избраници на квалификацискиот натпревар против Швајцарија.
Во интервју за „ТВ2“, Јакобсен го опиша како многу досадно следењето на натпреварот против...
Македонска колонија на Фарски Острови – Љубица Георгиевска Хансен ќе го води СТИФ
Поранешната македонска репрезентативка Љубица Георгиевска Хансен ја продолжува тренерската кариера на Фарски Острови. Таа ќе го води женскиот тим на СТИФ, и ќе работи исто како советник во младинските екипи на ова друштво, кое...
Маркусен заминува од Веспрем, ама следното лето
Поранешниот репрезентативец на Данска, Николај Маркусен би требало да се врати во својата земја следното лето според информациите на „Спорт ТВ2“.
Лано во февруари, Маркусен се договори и потпиша за Веспрем иако имаше важечки договор...






















