Ракометарите на Бутел Скопје се пласираа во групната фаза од Купот на Македонија со победата над Металург РА од 39:23.
Гостите од Автокоманда пријатно изненадија во воведниот дел, поведоа со 4:0 и речиси до крајот на првото полувреме беа повеќе од рамноправен ривал.
Двете екипи имаа свои моменти во првите 30 минути, а на пауза се замина со нерешен резултат (14:14). Во првото полувреме, голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, постигна дури три гола.
Комбинираниот состав на Бутел во вториот дел започна постепено да се одлепува, за десет минути игра дојде до двоцифрена предност, 27:17, па беше јасно каков ќе биде крајниот исход.
Домашните ракометари продолжија со силното темпо и до самиот финиш јимаа целосна контрола на играта.
Најефикасни кај победничката екипа беа Дамјан Субашевски и Тодор Узунчев со по шест погодоци, додека кај Металург РА се истакна Филип Петровски со 12 реализации.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ