Еден од најдобрите стрелци во Супер лигата, Филип Николов, се обврза на нова соработка со тимот на Бутел Скопје.
Десниот бек од Велес игра во одлична форма во последните две сезони по камбекот во Бутел Скопје и логичен след на настаните беше нов договор.
Тој потпиша нова соработка од две сезони и ќе остане во екипата предводена од Горан Кузманоски најмалку до 2026 година.
Николов потекнува од школата на Борец, освен за Бутел Скопје, настапуваше и во тимовите на Радовиш и Охрид.