Будуќност создава силен тим – донесе дури седум засилувања!

Црногорскиот шампион Будуќност откако оваа сезона го заврши настапот во Лигата на шампионите по прелиминарната рунда, за следната сезона најавува посилен тим и зголемени амбиции.

Некогашниот европски првак досега донесе дури седум засилувања, а последна на листата е јапонската репрезентативка Сакура Каметани, која доаѓа од францускиот Безансон.

Каметани има 37 години, станува збор за искусна голманка, која ќе им се придружи на Марина Рајчиќ и Амел Атингре на голот на Будуќност.

Таа е седмо засилување за Будуќност, откако претходно договори потпишаа црногорските репрезентативки Ѓурѓина Јауковиќ од Брест, Јелена Деспотовиќ од Ференцварош и Нина Булатовиќ oд Глорија Бистрица.

Во Будуќност ќе дојдат уште три интернационалки – Русинката Валерија Кирдашева, Швеѓанката Џени Карлсон и Французинката Аисату Кујате. Договорите ги продолжија Армел Атингре, Ивона Павичевиќ, Ивана Годеч, Андријана Поповиќ, Тања Ивановиќ, Анастасија Марсениќ, Мари Пламенова Томова и Наѓа Кадовиќ, па тренерот Бојана Поповиќ ќе има солиден ростер на располагање.