Екипата на Подравка, која е предводена од поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, беше високо поразена на гостувањето во Франција кај Брест Бретањ и ја заврши европската авантура.
Хрватскиот шампион во реванш дуелот од осминафиналето од Лигата на шампионите беше убедливо поразен со 35:27, а на првиот натпревар, кој беше одигран во Копривница, славеше минимално со 27:26.
Домашниот тим уште од стартот покажа дека без многу проблеми ќе се пласира во ТОП 8, односно во четвртфиналето, на пауза имаше плус десет, 18:8 и рутински ги одигра вторите 30 минути.
Матеа Плетикосиќ повторно беше расположена во редовите на Подравка и на денешниот натпревар постигна девет погодоци од десет обиди, а во победничкиот тим се истакна Кларис Маирот со седум реализации.