Методија и Михајло Илиевски добија ново делегирање од Европската ракометна федерација на младинското ЕП во Романија.
Maкедонските арбитри ќе го судат директниот двобој за четвртфинале на ЕП меѓу селекциите на Швајцарија и Франција.
Овој натпревар е закажан за утре од 16:00 часот во Клуж, а ќе ја одлучи која репрезентација од оваа група ќе оди во ТОП 8 покрај Германија.
Браќата Илиевски досега судеа на два меча од групната фаза и на еден од разигрувањето за пласман на ЕП.

























