Браќа од Франција ќе им судат на Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед во Битола

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од осмата рунда во Лигата на шампионите.

Судиите на мечот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарскиот вицешампион ПИК Сегед доаѓаат од Франција.

Станува збор за браќата Карим Гасми и Рауф Гасми, додека делегат ќе биде Алин Сергиу Чирлигеану од Романија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра на 22 ноември од 18:45 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Битолчани се уште немаат ниту една победа во елитното натпреварување, додека ПИК Сегед е шести на табелата со седум бода.