Браќа близнаци ќе „свират“ за ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од седмата рунда од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува во Унгарија кај тамошниот вицепрвак ПИК Сегед.

Арбитри на овој натпревар ќе бидат браќата близнаци од Молдавија, Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „ПИК Арена“ во Сегед на 16 ноември од 18:45 часот.