Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани на средбата меѓу босанскиот Извиѓач и големиот фаворит Фуксе Берлин.
„Лисиците“ се лидери во Бундес лигата со десет победи на десет меча, а во Лигата на Европа стартуваа со триумф над Шамбери.
Натпреварот меѓу Извиѓач и Фуксе Берлин се игра во спортската сала Љубушки, на 24 октомври со почеток во 18:45 часот.
Марјан Начевски, пак, ќе биде делегат на средбата меѓу Нексе Нашице и португалската Брага што се игра на 24 октомври од 18:45 часот.