Селекторот на Црна Гора, Владо Шола, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на Европското првенство во Германија.
Шола ќе смета на 21 ракометар, како и на еден повратник – левиот бек Вуко Борозан, кој летово се врати и во црногороскиот клупски ракомет.
Борозан нема настапувано за Црна Гора од 2017 година, од квалификацискиот натпревар за ЕП 2018 против Русија.
На списокот на Шола се двајца повратници – Стеван Вујовиќ и Немања Грбовиќ, додека има многу ракометари што играле во Македонија покрај нив тројца – Никола Матовиќ, Мирко Радовиќ, Вук Лазовиќ, Божо Анѓелиќ, Василије Калуѓеровиќ, Ристо Вујачиќ.
Црна Гора ќе игра пријателски натпревар против Македонија на 29 декември, а ќе настапи и на „Кроација Куп“ каде ќе се сретне со Хрватска и Словенија. На ЕП е во тешка група со Србија, Исланд и Унгарија.