Борис Пуховски ја завршува кариерата!

Еден од најдобрите белоруски ракометари Борис Пуховски, ја игра последната сезона во карирерата.

Одличниот плејмејкер, кој е член на Војводина веќе трета сезона ќе заврши со активното играње на крајот од оваа сезона. Тоа го потврди директорот на тимот од Нови Сад, Дарко Јевтиќ.

„Она што во моментов го знаеме е дека Ахмед Сеса се сели во Вецлар, Јовица Николиќ доби неверојатна понуда од Кувајт, а Борис Пуховски ќе ја заврши кариерата“, изјави Јевтиќ за „Журнал“.

Пуховски има 38 години, потекнува од школата на СКА Минск, каде играше во два наврати до 2013 година, а помеѓу нив беше дел од Динамо Минск. Потоа две сезона мина во унгарскиот Чурго.

Најголема трага остави во украинскиот Мотор Запорожје во кој настапуваше дури седум сезони, а од 2022 година е член на Војводина.

За репрезентацијата на Белорусија, Пуховски настапи на повеќе од 200 натпревари и постигна 845 погодоци.