Борец ФЛ потврди – со нов тренер ќе бркаме опстанок

Дебитантот во Супер лигата, Борец ФЛ, во борбата за опстанок ќе биде предводен од нов тренер, откако денеска велешкиот клуб го потврди заминувањето на Владимир Глигиров.

Како што најави 24Ракомет, Глигоров заминува од Велес од морални причини, а раководството го прифати неговото барање да замине од клупата на Борец ФЛ.

Борец ФЛ водеше со десет гола разлика 33-23, на шест минути до крајот беше 37-28, но Глигоров реши да им даде шанса на помладите и оние со помала минутажа.

Следуваа многу грешки, кои гостите знаеја како да ги казнат. На крајот гостите имаа шанса преку контра дури и да победат, а по 60 минути игра двете екипи си ги поделија бодовите.

По завршувањето на големата драма, велешката публика отворено го покажа својот бес и негодуваше кон домашната клупа.

Во наредниот период ќе се знае кој ќе седне на жешкото столче на новиот суперлигаш.

Борец ФЛ остана без тренер!