Репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска, откако славеше против Португалија со 35-34 во драматичен натпревар што беше решен во последните секунди.
Поголем дел од првото полувреме натпреварот беше израмнет, но пред паузата Франција успеа да поведе со плус три, 15-12. На одмор беше 19-17,но во второто полувреме Португалците успеаја да направат комплетен пресврт и поведе со 26-24.
Франција не се откажуваше од камбек, Пранди и Фабрегас погодија во серија и во финишот се влезе со игра гол за гол. На триесетина секунди до крајот беше 34-34, Жил повика тајм-аут.
Ричардсон погоди од пенал, останаа уште петнаесетина секунди, па Переира викна тајм-аут. Португалија имаше шанса од десно крило, но Болзингер одбрани и француското славје можеше да почне.
Мине беше предводник во победничката репрезентација со десет погодоци од 13 обиди, а го следеше Дилан Наи со шест реализации. Кај Португалија прво име беше Виктор Илутриза со 100% реализација, седум од седум.
Финалето и борбата за златен медал ќе стартува од 18:00 часот во „Унити Арена“.