Богдан Николиќ се раздели со Ал Аин

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Струга – Богдан Николиќ, ќе има нов предизвик во кариерата.

Црногорскиот среден бек го заврши престојот во Обединетите Арапски Емирати, каде што настапуваше во тимот на Ал Аин.

Николиќ во татковината играше во Сутјеска и Ловќен, пред да дојде во Македонија каде мина четири сезони во Пелистер, две во Струга и една во Бутел Скопје.

Потоа беше дел од босанската Слобода Тузла, а една полусезона настапуваше и за израелскиот Макаби Димона.

31-годишниот плејмејкер ги мина сите репрезентативни селекции на Црна Гора.