Богатиот проект на Рапид Букурешт пред елиминација во ЛШ

Богатиот проект на Рапид Букурешт од Романија во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите на свој терен беше поразен од Ференцварош со три гола разлика, 23:20.

На две кола пред крајот од групната фаза, романскиот вицепрвак се наоѓа на 7. позиција на табелата со седум бода во групата Б, а тоа значи дека е пред елиминација.

Рапид Букурешт на следните два дуели, против Заглебје и Есбјерг, мора да го даде максимумот доколку сака да остане во елитата.

Ференцварош, во кој настапуваат екс ракометарките на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, има три бода повеќе од ЧСМ Букурешт, односно десет.

Клубот од Будимпешта во последните две кола од групната фаза ќе игра со екипите на Вајперс Кристијанштад и Мец.

ЛШ, 12. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
РАПИД – ФТЦ 20:23 (11:16)
МЕЦ – ЕСБЈЕРГ 36:31 (20:17)
БИТИХЈАМ – ДЕБРЕЦЕН 27:31 (15:13)
САВЕХОФ – БУДУЌНОСТ 23:27 (12:13)
ОДЕНСЕ – БРЕСТ БРЕТАЊ 29:29 (14:14)
ЃЕР – ЧСМ БУКУРЕШТ 24:26 (9:15)
ВАЈПЕРС – ЗАГЛЕБЈЕ 28:24 (15:10)
КРИМ – ИКАСТ 28:34 (15:18)

Во рамки од 4. коло од групната фаза во Лигата на Европа свој настап имаше репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска, која настапува за Локомотива Загреб. Хрватскиот клуб на гостувањето во Романија кај Дунареа Браила доживеа висок пораз од 34:26 и ги загуби сите шанси за четвртфинале, бидејќи на свое конто се уште нема освоено бод.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ДУНАРЕА – ЛОК. ЗАГРЕБ 34:26 (19:15)
СТОРХАМАР – ПОДРАВКА 31:22 (19:11)
НАНТ – БИСТРИЦА 29:34 (14:16)
НИКОБИНГ – ВАЦ 32:27 (17:15)
ЉУБИН – БЕНСХАЈМ 34:32 (19:17)
МОШОНМАЃАРОВАР – МАЛАГА 25:23 (14:11)
ТАРГУ – СОЛА 21:31 (9:18)
ТУРИНГЕР – ШАМБЕРИ 29:22 (14:9)

ЧСМ му го нанесе првиот пораз на Ѓер, Оденсе и Брест си ги поделија бодовите!