Екипата на Барселона го освои трофејот во Купот на Шпанија, откако славеше две победи во два дена.
Во финалето против Торелавега, се повреди еден од најдобрите играчи во тимот на Ортега, младиот Петар Цикуша.
Денеска од каталонскиот гигант соопштија дека младата ѕвезда ги скинал лигаментите на левиот зглоб, па во следниот период ќе мора да направи операција.
Според најавите, Цикуша би отсуствувал од терените два до три месеци, а тоа значи дека Барселона ќе остане со Домен Макуц на позицијата среден бек.
Барселона в среда во Данска ќе гостува кај Алборг во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите.