Блесок на Род, ПСЖ падна во Колстад!

Норвешкиот шампион Колстад ја прослави се чини најголемата победа во кратката историја, откако славеше на домашен терен против францускиот првак ПСЖ со 36-31 во натпревар од Лигата на шампионите.

Победникот беше решен во второто полувреме, кога ПСЖ влезе во „црна дупка“, а Колстад преку Род, кој беше најдобар стрелец со 11 гола, и преку Сагосен ги казнуваше сите грешки и направи пресврт.

Во првиот дел најчесто се играше гол за гол, но во финишот избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до највисоката предност од плус три, 15-12, а беше и 16-13. Алберг намали на 16-14 и во последните три минути до паузата немаше голови.

Францускиот шампион ја одржуваше разликата до 40. минута, кога следуваше огромен пад во играта. Колстад ги казни сите грешки на ПСЖ и негативата од два гола, 25-23, ја претвори во предност од 27-25.

Домаќинот водеше и со 30-26, па 32-28, но ПСЖ за момент преку Холм и Стеинс се врати во игра и намали на 32-30 на седум минути до крајот на мечот. Но Холанѓанецот згреши во следниот напад, потоа уште еднаш и Колстад си ги врати плус четири.

Бергеруд одбрани неколку топки во серија во последните пет минути и немаше назад за ПСЖ. Покрај Род со 11 гола, Лисе имаше шест погодоци, додека по пет пати стрелаа Сагосен и Јоханесен. Кај ПСЖ се истакнаа Шипжак и Пранди со по седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140