БК-46 по 15 пат го освои трофејот во Купот на Финска

Тимот на БК-46 го освои трофејот во Купот на Финска, откако во финалето лесно славеше против ХИФК.

БК-46 оствари убедлива победа против ХИФК, 33-26, иако по првото полувреме водеше само со гол разлика, 16-15.

Претходно во полуфиналето, ХИФК го елиминираше ГРИФК на Филип Чурлевски, додека БК-46 беше подобар од фаворитот КОКС.

Ова беше 15 трофеј во Купот на Финска за БК-46, додека втор на вечната листа останува Кокс со 11 трофеи.